НАПРЕДОК ПЧЕЛКА ја прошири својата дејност со производство на пчелин восок во сатна основа – саќе. Сатната основа која се користи во пчеларството е восочна плоча на која што пчелите ќе го изградат саќето за да потоа да можат пчеларите да го исцентрифугираат медот.
Производството се изведува со квалитетен пчелин восок на современа производна машина со оспособен кадар.
Производниот процес започнува со топење на пчелиниот восок во казани за топење. Потоа истиот се стерилизира на температура од 120 целзиусови степени во траење од 2 часа. Потоа восокот се остава да се излади до потребната температура и при тоа од него се одвојуваат преку посебни постапки разни физички и хемиски нечистоти и се обработува на машина во саќе.
Произведуваме сатни основи ДБ, ЛР, ФАРЕ И АЖ, а по потреба произведуваме и по барани димензии од самите пчелари.
Вршиме :
- замена на квалитетен суров необработен пчелин восок со
обработен - продажба на сатни основи – саќе
- откуп на пчелин восок
Нашите сатни основи се изработени од восокот на македонските пчеларници без додавање на парафин и други состојки.